Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Гоце Ристовски лауреат на 9-от Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

$
0
0
Вовед: 

Македонскиот писател, новинар, литературен и театарски критичар е лауреат на Деветтиот Интернационален театарски фестивал Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. Признанието за особен придонес во македонската театарска уметност и култура му беше доделено синоќа, во рамки на третата фестивалска вечер.

Содржина: 

 

 

Ристовски пред Кривопаланечката јавност, на сцената на Национална установа Центар за култура,во неговиот роден град, рече дека иако во животот добил и други признанија и награди, на фестивали и манифестации, овдешната, му е особено драга и му го грее срцето.

- Возбудата овој пат е многу голема зашто станува збор за мојата Крива Паланка, мојот град којшто сеуште го носам во срцето онака како што го доживувам и во детството и во младоста. Крива Паланка е сеуште моја инспирација, и во театарското и воопшто во целото литературно творештво, изјави Ристовски.

Манастирот Св.Јоаким Осоговски е една светла точка и инспирација во неговото, театарско, научно и литературно творештво, вели Ристовски, а еден дел од неговиот прв роман „Се е гола вода мој Ѓоргија“ се случува токму во овој манастир.

- Токму затоа сосема искрено велам дека е голема чест за мене што токму во деветиот месец, на деветиот фестивал сум овенчан со ова признание и вечерва се прикажа, по коинциденција, и мојата претстава „Деветка“, во изведба на Народен театар Нови Сад, Србија. Среќен сум што фестивалот е веќе реномиран и препознатлива точка на културната мапа на Балканот и е една идеја која одлично прогресира. Фестивалот си има свој белег и е еден од ретките фестивали со ревијален карактер, нема актерски награди и тоа му ја дава препознатливата опуштена и релаксирана атмосфера кои се огледаат и во задоволството на публиката, но и на актерите-учесници, додаде Ристовски.

На репертоарот на фестивалот вечерва е „Реалити пресметка“ на Уметничка работилница „Призор“ од Белград, Србија, а фестивалската програма продолжува утре со промоција на „Креативна бурлеска“ на Јоана Шишкова која ќе се одржи во 12:30 часот, во Локалната установа Градски музеј, Крива Паланка.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>