Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Поголема пристапност за лицата со попреченост во Театар Kомедија

$
0
0
Вовед: 

Театар Kомедија во соработка со здружението „Полио плус“ за новата театарска сезона обезбеди поголема пристапност за лицата во ортопедски колички и со потешкотии во движењето.

Содржина: 

Вчеравечер, симболично, беше изведена претпремиера на романтичната комедија „Дони Дарк“ - приказна за млад човек со оштетен вид и неговото осамостојување од семејството, со сите проблеми кои тоа ги носи. Премиерата е закажана за вечер, а првата реприза за 29 септември.

Оригиналниот текст е на американскиот писател Леонард Герш, а режијата на Роберт Ристов, кому ова му е магистерски труд. Насловниот лик во претставата го толкува Даријан Петров, а во другите улоги настапуваат: Мирјана Поповска-Ристов, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски, кој е нов член на Театар комедија и негов уметнички директор.

Првпат за оваа претстава во Театар Комедија ќе има и титл на текстот за глувонемите лица, а со жолти ленти ќе бидат обележани холовите за лицата со оштетен вид непречено да дојдат до малата сцена - нов сценски простор за седумдесет гледачи, каде што ќе биде изведена претставата.

За луѓе со хендикеп се приспособени и шалтерите на билетарницата како и шкафови од гардеробите, На големата сцена, пак, ќе бидат извадени неколку седишта за да се направи простор за инвалидски колички. 

 

По добиените стручни совети и по преземените активности од страна на Театар комедија, тимот на „Полио плус“ го обележа објектот како достапен за лицата со попреченост.  

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>