Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Претставено меѓународното жири на фестивалот „Браќа Манаки“

$
0
0
Вовед: 

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го претстави и годинашното жири кое ги оценува кинематограферите на филмовите од главната компетиција за „Златна камера 300“. 

Содржина: 

Претседател на жирито е Пол Рене Ростад од Норвешка, а заедно со него годинава се Лука Коасин од Италија, Јани Петери Паси од Финска, македонскиот режисер Даријан Пејовски и Ерол Зубчевиќ од Босна и Херцеговина.

- Не е лесна работа да се оценат толку добри кинематографери, тоа е како да избираш помеѓу ремек-дела на Ван Гог или Рембрант, но за тоа имаме три критериуми по кои ќе се водиме при изборот. Најпрво го оценуваме фрејмот, потоа употребата на светлото и, се разбира, креативноста на кинематограферот, истакна Пол Рене, додавајќи дека е среќен и почестен што се наоѓа на фестивалот во Битола кој, според него, е најшармантниот филмски фестивал кој го посетил.

 

На пресот во фестивалскиот прес-центар, уметничкиот директор Гена Теодосиевска на Лука Коасин му ја врачи наградата „Мала златна камера 300“ која Коасин ја освои минатата година на ИФФК „Браќа Манаки“. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>