Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Превод на „Битлси“ од Ларс Соби Кристенсен на македонски

$
0
0
Вовед: 

Издавачката куќа „Или-Или“ го најави излегувањето на книгата „Битлси“ на скандинавскиот писател Ларс Соби Кристенсен, која ќе биде 157 издание во едицијата ПРОаЗА и дел од проектот „Креативна Европа“ на ЕУ.

Содржина: 

  

- Се работи за роман од 1984 година кој се закити со многу книжевни признанија и награди, и кој не навраќа во едно време кога во светот постоеше само еден Бог, кој се викаше Битлси. Низ поглавјата насловени според песните на култниот британски бенд, Кристенсен ни раскажува возбудлива приказна за растењето, преиспитувањето и созревањето на четири млади момчиња од Осло, во едно време кога многу работи изгледаа невино и наивно, но сепак, доволно предизвикувачки за да ги сменат настаните од корен, соопшти издавачот најавувајќи ја новата книга која од норвешки на македонски јазик ја преведе Искра Бадева-Ивановска. 

За Ларс Соби Кристенсен (1953) „Или-Или“ наведува дека е надарен раскажувач, наратор кој е имагинативен, но и подеднакво приземјен.

- Неговиот реализам се наоѓа помеѓу поетската слика и генијалното дејствие, спроведен преку богат јазик од престолнината и сленг кој никогаш не е вештачки и присилен. Неговите херои поседуваат прилично многу самоиронија. Всушност, критичарите го споредуваат со црниот хумор на Вуди Ален. Но под живоста на неговите описи во книгите секогаш демне меланхолијата, информира „Или-Или“. 

Кристенсен е автор на десет збирки поезија, пет збирки кратки раскази и дванаесет романи. Неговиот голем пробив се случи токму со романот „Битлси“ прогласен за еден од најголемите комерцијални успеси во Норвешка. Успехот го повтори седумнаесет години подоцна со билдунгс-романот „Полубратот“, кој имаше и успешна ТВ-екранизација.

Кристенсен живее и твори во Осло.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles