ЈУ Детски културен центар „Карпош“-Скопје во соработка со Град Скопје и со Министерството за култура на Македонија и годинава по дваесетишести пат го организира и реализира најмасовниот Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“.
Детскиот фестивал ќе почне утре, петок (29.09.2017 година) и ќе трае до недела, 01.10.2017 година, а на него годинава ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од Хрватска, Полска, Јакутија, Србија, Бугарија, како и македонски ансамбли.
Денес, 29.09.2017 год. (петок), во 17:15 часот за гостите и за домашните ансамбли ќе се одржи Богослужба во храмот Св. Климент Охридски, а по завршување на Богослужбата учесниците продолжуваме на плоштад Македонија каде што во 18:30 часот ќе биде свеченото отворање на фестивалот „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“.
По отворањето на Фестивалот ќе имаат свој настап сите групи, односно и станските и домашните учесници на фестивалот.
На 01.10.2017 година (недела) од 10 часот, како и изминатите години, за сите учесници на фестивалот ќе се реализира пикник во Лешок, Тетово, каде што ќе биде и затворањето на Фестивалот со настап на гостите и на домашните фолклорни ансамбли.

