Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Роџер Санчез доаѓа на „Д фестивал“

$
0
0
Вовед: 

Еден од водечките светски артисти во денс и хаус музиката со статус „господар на жанрот“, Роџер Санчез на големата сцена на Д фестивал ќе го претстави својот секогаш актуелен звук поради кој стекна армија фанови, меѓу кои и останатите ѕвезди од сцената кои го направија познат и како „DJ’s DJ“ и „Producer’s producer“...

Содржина: 

Минатата година се покажа како една од најкреативните и најактивните години за Роџер Санчез, продолжувајќи го успехот на неговиот S-Man псевдоним, а по подолго време и првите изданија под неговото име, како што е огромниот успех на синглот „Remember Me“ кој од фаворит во листата на Пит Тонг (Pete Tong’s Essential New tune) за кратко време прерасна во глобален радиски и клупски хит.

Покрај светските артисти и огромниот број претставници на македонската сцена, Д фестивал оваа година ги собира и најатрактивните музички имиња од регионот.

На главната бина, покрај веќе потврдените изведувачи од регионот, ќе настапи и најголемиот хрватски претставник на панк рок естетиката, бендот Хладно пиво предводен од Миле Кекин, кои ќе настапат на Д фестивал во рамки на нивната голема балканска турнеја со новиот албум „Dani zatvorenih vrata“. 

Воведна слика: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>