Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Изложба на Јован Миронски во МГС

$
0
0
Вовед: 

Во Музеј на град Скопје вечер (10 октомври) во 20 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба на избрани дела од ликовното творештво на Јован Миронски.

Содржина: 

Несвесната потреба на Миронски да наоѓа пластични решенија за ментални претстави кои, можеби, имаат врска со некои случувања од неговиот живот, е главниот поттикнувач на неговите повеќедецениски опстојувања во светот на ликовната уметност. 

- Неговите ликовни остварувања постојано како да се врзани за она што лично се однесува на него.... Миронски, како и генерацијата ликовни уметници кои паралелно почнуваат да работат со него, веќе во образовниот процес биле насочувани кон модернистичките ликовни модели кои тие подоцна ги разработиле, некои од нив и ги радикализирале, и во низата години што следувале темелно го промениле ликовниот профил на средината. За сето ова да биде возможно морало да биде присутен еден основен елемент – нивната отвореност и подготвеност за прифаќање на модернизмот и модерноста на општеството, соопшти Музеј на Град Скопје. 

Јован Миронски (с. Тресонче, 1933) завршил виша педагошка школа во Скопје, во класата на професорот Вангел Коџоман, а дипломирал на Архитектонскиот факултет во Љубљана во 1963 година.

Како архитект реализирал голем број проекти во Скопје, а во текот на целиот живот активно се занимавал со ликовно творештво во повеќе ликовни техники. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles