На 17 мај, на „Малата сцена“ во Конгресен центар „Александар Македонски“ (Универзална сала-Скопје), по 20 пат ќе биде изведена претставата која за година дена стана вистински хит за скопската и македонска публика...
- За нас како независен театар овој мал јубилеј од 20 репризи на претставата е од големо значење. „Театар 007“, со оваа претстава како и со претходните од нашиот репертоар се обидува да создава претстави и проекти кои нудат свежина во естетскиот и содржински израз, а истите да комуницираат и да бидат привлечни за публиката. Токму претставата „ЦЕНТРАЛ ПАРК-ЗАПАД“, е една од носечките на репертоарот на нашиот театар и со гордост може да кажеме вистински хит за публиката, вели Миодраг Костиќ, продуцент на „Театар 007“.
Претставата по својата премиера во декември, 2014 година веќе доживува голем успех. Во неа игра младата професионална актерска екипа: Ирена Илиевска, Ангела Наумоска, Марко Богдановски, Хари Михајловски и Елизабета Клинчаревска- Младеновска.

