Провокативната и напнатата психолошка драма „Распрснување“ е римејк на култниот француски трилер „Базен“ на режисерот Жај Дуреј од 1969 година...
Од режисерот на филмот „Јас сум љубов“, номиниран за наградата Оскар овој четврток ни пристигнува провокативната и напната психолошка драма „Распрснување“.
Распрснување е сензуален портрет на копнеж, љубомора и рокенрол облеан со медитеранското сонце. Драмата на режисерот Луке Гвадањина е приказна за рок ѕвездата Меријен Лејн (Тилда Свинтон) која се опоравува од операција на гласните жици на вулканскиот остров Пантелерија во Италија со својот Партнер Пол (Матијас Шинартс).
Нивната летна идила изненадно ја нарушува Хери (Фајнс), музички продуцент и некогашен љубовник на Меријем, кој на островот пристигнува со својата ќерка Пенелопе (Дакота Џонсон), донесувајќи со себе експлозија од носталгија од која не може да се побегне.
Наспроти релативниот минимализам на францускиот трилер, овој филм е оригинален, стилизиран и еротичен, облеан во живите летни бои, а сепак се осврнува на современата поп култура.
Во киното Cineplexx пристигнува од 30 јуни.

