Велешанецот Томе Трајков-проект координатор во Стрип центар на Македонија е добитник на годинашното Признание за развој и афирмација на македонскиот стрип, именувано според прерано починатиот бард на македонската стрип сцена Љупчо Филипов...
Доделувањето на ова признание е составен дел од активностите во склоп на Меѓународниот стрип салон, што се одржува секоја година во средината на октомври во Велес.
Стрип центарот на Македонија - Велес како организатор на целокупната манифестација, ова признание го наменува за заслужни домашни дејци за развојот и афирмацијата на 9-та уметност кај нас.
Досегашни добитници на ова признание се: Миле Топуз-стрип автор, Диме Иванов Димано-стрип автор, Александар Сотировски –стрип автор, Ване Трајков -промотер, поранешната групација „Тајфа Арт“-тогаш млади автори и подоцнежни основачи на нови стрип асоцијации, Томислав Османли-стрип хроничар и сценарист, Дарко Марковиќ, Киро Донев-директор на МЛАД БОРЕЦ, редакцијата „Детска радост“, Оливер Ромевски-стрип сценарист и промотер , Стрип книжарницата „Бункер“и „ОСТЕН“- Галерија и списание.

