Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје 17-та година по ред организираат Регионален Летен Универзитет во Струга, од 4 до 8 јули 2016, на кој ќе учествуваат повеќе од сто професори по француски јазик од Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Естонија и Литванија...
Значаен настан во континуираната обука на професорите и наставниците, овој Летен Универзитет, организиран во партнерство со Министерството за образование и наука, како и со бројни регионални партнери, им овозможува на професорите и наставниците да стекнат нови познавања во доменот на наставата по француски јазик и култура, како и иновативни техники и методи за изучување на францускиот јазик.
Шест модули за обука, кои ќе ги водат врвни француски обучувачи, а воедно и богата франкофонската програма исполнета со презентации, работилници и размени на професионално ниво ќе бидат на програмата на професорите, кои не крајот на обуката ќе добијат официјален сертификат за учество.
Регионалниот Летен Универзитет во Струга секоја година доживува се поголем успех. Свеченото отварање е предвидено во понеделник 4 јули, во 18.30 часот, во хотел Дрим.

