Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Почнува манифестацијата „Музичко лето со Воениот оркестар“

$
0
0
Вовед: 

Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија вечер и утревечер (1 и 2 јули) во 19.30 часот ќе одржи перформанс кој ќе започне од платото пред Музејот на македонската борба и ќе заврши пред спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев на плоштад Македонија во 20.30 часот...

Содржина: 

Со овој перформанс свечено ќе започне манифестацијата „Музичко лето со Воениот оркестар на Република Македонија“ која ќе се одржува низ целата Република. Покрај Скопје, Воениот оркестар ќе има настапи во Велес, Дојран, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга и Куманово.

Воениот оркестар е дел од Баталјонот за почести кој е основан на темелите на Првата Гардиска Бригада која е формирана по осамостојувањето на Република Македонија на 26 март 1992 година во касарната „Илинден“, а по заминувањето на тогашната Југословенска народна армија и формирање на Армијата на Република Македонија. На 22 јули 2002 година официјално почна да функционира Гардискиот баталјон за почести и опслужување, со трансформација од 01 март 2006 година функционира како Баталјон за почести и опслужување, а со трансформација на АРМ од 01 април 2012 година функционира како Баталјон за почести.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>