Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ од 5 до 9 јули

$
0
0
Вовед: 

На сцената на амфитетарот во Младинскиот парк во Велес од 5 до 9 јули ќе се одржи 13-от Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ 2016...

Содржина: 

Како што најави на прес-конференција Томе Јаневски претседател на Организациониот одбор, годинава на фестивалот ќе земат учество 21 ансамбл од земјава и странство: од Мексико, Србија, Црна Гора, Турција, Романија, Бугарија, Полска, Грција и македонски ансамбли од Австралија.

На фестивалот ќе настапат и македонските ансамбли:„Китка“ од Истибања“, „Бојмија“ од Гевгелија, „Ацо Ѓорчев“ од Неготино, Младинскиот клуб на Мажоретки од Скопје и Младинскиот црковен хор од Велес,како и велешките фолклорни ансамбли: „Керамичар“,„Коле Недлековски „Вила зора“ „Распеани велешани“ и „Распеани пензионери“.

- Фестивалот и годинава ќе стартува со дефиле низ велешките улици на 5. јули, а потоа во 20,30 минити на сцената на амфитеатарот во Младинскиот парк свечено ќе биде отворен,а кој ќе трае пет фестивалски вечери, информира Јаневски.

Инаку овој Фолклорен фестивал кој е веќе традиционален е еден од најпосетените културни манифестации на велешани секое лето, а со учество на се’ поголем број на фолклорни ансамбли од земјава и странство.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>