Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Работилница за изработка на мозаици на УКЛО

$
0
0
Вовед: 

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола објави повик за учество на работилница за изработка на мозаици...

Содржина: 

Од УКЛО информираат дека работилницата ќе биде во функција на програмските активности на Универзитетот, посветени на 1100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски.

Право на учество на работилницата имаат студентите од УКЛО запишани на прв циклус студии, но пожелно е да поседуваат знаења од областа на уметноста и дизајнот. Предност ќе имаат студентите од Техничкиот факултет и програмата графичко инженерство, информираат од УКЛО-Битола.

Пријавувањето на студентите за учество на работилницата за изработка на мозаици ќе се врши до 1 август, а избраните студенти во текот на месец август ќе престојуваат во Охрид каде под менторство на стручен тим ќе се изведува планираната работилница.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>