Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Во тек е првиот ДАРМ предизвик за ажурирање на Википедија

$
0
0
Вовед: 

Во тек е првиот ДАРМ Предизвик на Википедија, натпревар во пишување статии поврзани со документите и фотографиите кои Државниот архив на Република Македонија, преку својот матичен Википедијанец, ги сподели за употреба на Википедија. Натпреварот трае еден месец, од 15 јуни до 15 јули 2016 година.

Содржина: 

Првите петмина Википедијанци, од било која јазична Википедија, кои ќе освојат најголем број на поени, за пишување нови статии или за употреба на фотографиите и документите како илустрација во постоечките статии, ќе добијат награди во книги, и тоа: еден примерок од монографија на Државниот архив на РМ, (двојазично издание, на македонски и англиски јазик) и комплет книги во вредност од 1.200 денари.

После првите две недели од натпреварот, може да се примети следново:

• Вклучени се 25 Википедијанец од 16 различни земји и јазични подрачја;

• Вметнати како илустрација во статии се 26% од документите и фотографиите;

• Напишани се повеќе од 40 нови статии;

• Статијата за Државниот архив, освен на македонски јазик (која постои од 2012 година) и на бугарски јазик (која е напишана во 2012 година), во текот на овие две недели преведена е на четири други јазика: англиски, српски, каталонски, украински и на грчки јазик.

Досега на Википедија се одржани повеќе натпревари од ваков тип, односно натпревари за употреба како илустрација во постоечки статии или пишување на нови статии поттикнати од документи и фотографии поставени преку матичниот Википедијанец во следниве институции: Државниот архив на Бугарија (со повеќе од 5.500 архивски документи и фотографии); Музејот на романтицизмот во Мадрид, Музејот на костуми во Мадрид, Националниот археолошки музеј на Шпанија, Еуропеана, и други.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>