Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Почна меѓународната манифестација „Петровденски конаци 2016“

$
0
0
Вовед: 

Јубилејната десетта меѓународна културна манифестација „Петровденски конаци 2016“ во Кочани, почна синоќа, 4 јули, со промоција на зборникот „Македонски народни умотворби“ од Петар А.Чачаров...

Содржина: 

Во името на градот домаќин манифестацијата за отворена ја прогласи Јордан Димитров, претседавач на Советот на општина Кочани, а за десетте години успешно реализирани содржини од оваа манифестација зборуваше Кристина Атанасова Арсова, директор на Центарот за култура од Кочани.

- „Македонски народни умотворби“ од штипјанецот Петар А..Чачаров, е зборник во кој се содржани народни умотворби, пословици, гатанки, обичаи, клетви и приказни од Штип и околината, Биле објавувани во Бугарските весници и списанија од 1890 до 1894 година.По подолг период ова вредно народно богатство е собрано на едно место и презентирано пред македонската јавност, истакна на промоцијата Драган Георгиевски, директор на Музејот од Кратово.

Составувач на ова дело е Коце Стојменов, историчар од Кочани, а книгата е печатена со финансиска подршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Во рамки на „Петровденските конаци 2016“ вечерва, 5 јули, ќе се одржи концерт на класична музика, а во наредните денови ќе биде отворена изложба на дела од школата за сликање од Кочани,како и меѓународната поетска средба „на Јановден на конак“ со учество на поети од Македонија, Србија и Бугарија. Манифестацијата финансиски е поддржана од Министерството за култура и општина Кочани.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>