Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Почнува Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“

$
0
0
Вовед: 

Вечерва, 6 јули, во амфитеатарот во Ресен, свечено ќе биде отворено годинеѓашното издание на интернационалниот театраски фестивал „Актерот на Европа“...

Содржина: 

Престижното признание „Актерот на Европа“ за 2016 година му припадна на романскиот актер и режисер Јон Карамитру, а наградата „Клучевите на Преспа“ на професорот Владо Матевски и академик Андраж Чарни.

Вечерва премерно ќе биде прикажана претставата „Умирам пеејќи – Наум Манивилов“.

Во рамките на програмата на фестивалот ќе бидат прикажани шест претстави од Македонија, Црна Гора, Србија, Бугарија и Франција, а за наградите ќе одлучува жирито во состав: Мето Јовановски – претседател, Гоце Ристевски и Рубенс Муратовски.

Во текот на фетивалот ќе се одржи театарска работилница меѓу Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје и Театарот Атеље Панта од Нормандија, во кое ќе учествуваат четири студенити од класата на Рубенс Муратовски при Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје, кои заедно со нивните колеги од Франција, во пероидот од 7 Јули до 10 Јули, ќе работат на претставата на Аполинер, а специјален гостин на работилницата ќе биде академик Влада Урошевиќ од МАНУ, при што ќе се промовира неговата книга посветена на Аполинер.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>