Вовед:
Вечерва, 7 јули, со почеток во 20 часот, во изложбениот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ целовечерен концерт на харфа ќе одржи Мерсиха Шукри...
Содржина:
Концертот е во рамките на Прилепското културно лето.
Мериса Шукри добитник е на повеќе републички и меѓнародни награди како солист и како камерен музичар. Редовен учесник е на интернационалниот фестивал за харфа во Белград. Се усовршувала на мајсторските курсеви кај интернационални солисти и професори по харфа. Како харфист има остварено бројни концерти на Скопско лето, Хераклејски вечери, Денови на франкофонија, Есенски музички свечености.
Настапувала како солист со Мандолинскиот оркестар “Скопје” и гудачкиот камерен ансамбл “Арко”.
Воведна слика:

Категорија:
Иде на слајдер ?:
Не
додади слика:
