Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Изложба на новосоздадените дела од ликовната колонија Дрен

$
0
0
Вовед: 

Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп по деветти пат е организатор на ликовната колонија Дрен која е во рамките на Прилепското културно лето...

Содржина: 

Петнаесет уметници од Прилеп, Македонија од Србија и од Русија неуморно творат во дворот и во ликовното ателје на Центарот.

Создаваат креативни дела во повеќе уметности. Уметниците ( Мирна Арсовска, Верче Николоска, Билјана Бинчев, Јошкин Шилјан, Мирослав Живковиќ, Снежана Манасиќ, Јелена Фрида Стошиќ, Марија Алексиќ, Рада Тихановскаја, Јасмина Рунеска, Ангел Миов, Силвија Шосева, Емил Солески, Марјан Стојаноски,)..... творат , се дружат и разменуваат мислења. Сите се воодушевени од колонијата.

- Пријатно се чувствувам. Имав доста енергија за работа која минуваше низ моето тело. Создадов слики преку кои го пренесов небото, убавината – вели Јошкин Шилјан од Ниш, Србија.

- Во Македонија сум прв пат. Прилеп е многу убав град со гостопримливи луѓе. Колонијата е одлична. Воодушевена сум од манастирите, планиниите, облаците, кои силно ме вдахноваа и насликав дела со многу силни чувства– вели Рада Тихановскаја од Русија.

- Пета или шеста колонија ми е во Македонија. Убаво се чувствувам во земјата, а Прилеп ме воодушеви. Многу интересен град е за создавање. Она што ме инспирира е планината Маркови кули. Никаде не сум видела ваков пејзаж - вели Снежана Манасиќ од Панчево.

Колонијата има мултимедијален карактер. Се работат и инсталации, скулптури, односно нови форми на уметничко изразување.

- Решивме да го промениме концептот. Од класично сликарска колонија да стане мултимедијална. Мислам дека успеавме во тоа - вели Тони Чатлески, директор на ЦК „Марко Цепенков“.

Затворањето на колонијата е со изложба на новосоздадените дела што ќе биде отворена вечерва, сабота, во 20 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>