На промотивната турнеја на романската поетеса Дениса Дуран ќе биде претставена нејзината поетска збирка „Сè уште сум млада“, во издание на „Антолог“...
Препевот на македонски јазик е на Лидија Димковска.
Промотивната турнеја ќе започне в среда, на 27 јули, на промоцијата во кафе-книжарницата „Магор“ во Скопје, со почеток во 20 часот. Промотор на делото ќе биде Владимир Мартиновски, а стихови ќе интерпретира Ана Голејшка.
Следниот ден, на 28 јули, со почеток во 21 часот, Дуран ќе гостува на фестивалот „ДримОН“ во Струга. Настанот ќе се одржи на сцената „Чил аут“ под насловот ЈА ТРГАМ ЗЕМЈАТА СО РАЦЕ како мултимедијален перформанс на литература, музика, фотографија.
В недела, на 31 јули од 20 часот, нејзината поетска книга ќе биде претставена на јубилејните, десетти Роднокрајни поетски средби во Струмица. Настанот ќе се одржи во клубот Industrial. Стихови ќе интерпретира Мануела Златкова, а книгата ќе ја промовира Митко Гогов.

