На 31 јули (недела), здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ ги организира јубилејните десетти по ред „Роднокрајни поетски средби“...
Станува збор за поетска манифестација која веќе редовно се одржува на различни локации во Струмица и струмичко и истата има за цел да ги промовира домашните автори по еден сосема уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап.
Секој што пишува или има што да каже може да биде дел од овие средби, во иднина оваа манифестација ќе го прошири самиот формат, па освен поети, ова е идеално место да се претстават и луѓе кои се занимаваат со перформанс, stand up, слем поезија, free style изразување, MC-a и што уште не. Да се биде отворен кон сите нови форми на интерпретација е од исклучителна важност, со проширувањето на кругот на учесници ќе се создаде уште поширокогледа платформа.
Специјален гостин за десетите „Роднокрајни поетски средби“ е Дениса Дуран, поет, преведувач и културен менаџер од Букурешт, Романија. Таа минатата година беше дел од резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки и беше учесник на шестите „Роднокрајни поетски средби“.
Дениса Дуран во моментов е на промотивна турнеја во Македонија (Скопје, Струга и Струмица) на која ќе биде претставена нејзината поетска збирка „Сè уште сум млада“, издание на „Антолог“. Препевот на збирката на македонски јазик е на Лидија Димковска. Дениса Дуран минатата година на романски го преведе Никола Маџиров при што неговите песни излегоа во неколку романски списанија.
На десеттите „Роднокрајни поетски средби“ кои ќе се одржат во новоотворениот клуб „Industrial“ со почеток во 20 часот, како гости со своја поезија ќе се претстават покрај локалните автори ќе се претстават и неколку поети познати на книжевната сцена во Македонија, а освен нив ќе имаме можност да видиме и #OpenMic перформанси.

