Во едицијата „Ѓерѓеф“ на издавачката куќа „Македонска Реч“ од Скопје, деновиве од печат излезе новата поетска збирка „In Nomine“ со 40-тина песни од Стефан Марковски...
„In Nomine“ е трета поетска книга на Марковски. Досега ги објавил: „Еднонасочно“ (роман, 2009), „Апеирон“ (поезија, 2010), „За некои спомени на онаа некогашност“ (поезија, 2010), „Хиерархиска еволуција на свеста“ (Психологија и теорија на ум, 2012), „Мета(де)конструкција и општа филозофија“ (Филозофија, 2012), „Среќата е глагол“ (Психологија и филозофија, 2013) и „Продавачот на ветар и магла и други приказни“ (Раскази и драмски текст, 2015).
Марковски е постдипломец на Факултетот за Драмски Уметности – насока Филмско и ТВ сценарио. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.
Негови дела се преведени и објавени на неколку јазици. Добитник е на домашни и странски награди и признанија за своето творештво.

