Вечерва 5 август 2016 во 20.00 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена концепт изложбата “Game – live is a game – art is life“ од уметницата Буба М. Солак од Битола.
Изложбата е во рамките на манифестацијата Прилепско културно лето. Буба М. Солак за изложбата ,,Задоволството во еден момент да се препуштите на ,,Играта,, и на поинаков начин автор/ гледач, публика, взаемно да ги споите имагинацијата и искушенијата е интересен момент, но истовремено и ,,одговорно,, до каде се би оделе во трансфромацијата и комбинацијата на градење на Ново расположение?!
Преку ваквиот начин на компонирање на игри, композиции, дело... авторот и гледачот ви нудат израз на свој темперамент, енергичност, истражување и навестување на нови креативни намери во нови композиции. Играње и комбинирање до,,бескрај,, значи можност и самиот гледач/ публика да креира негово и на сопствен начин свое Ново Расположение. Карактеристиката во моето творештво е цртежот во служба на бојата која веќе подолго време е мој ракопис, почнувајќи од циклусот ,,Игра и предел 1,, а веќе подолго време и во циклусот,, Игра – предел 2,,. Способноста да се трансформира игра преку спојување на форми, бои и линии, преку спонтан цртеж, интензивни бои и градење на своја иконографија, организација на цртеж и боја во просторот врз коцките и топките поставени како подготвителна скица и врз нив слободно и импулсивно нанесен цртеж(како личен потпис) кој ја потенцира бојата зависи лично од авторот, односно да се разбере како синтаксички елемент на ликовниот израз на авторот.
Правејќи паралела помеѓу изведба, техника, дисциплина е фактот дека по се ова,,Играта,, е нешто што ги спојува и одржува, однос на постојан интерес да се избега од реалното и да се создаде Нов/Стар свет и игра,,преку взаемно влијание, согледување и експериментирање видено преку очите на авторот /гледачот, публиката која игра одлучувачка улога како гледач – автор.
Биографија за ЉУБИЦА МЕШКОВА СОЛАК
Родена е 1975 година во Скопје образование; Училиште за применета уметност ,,Лазар Личеноски,, и Факултет за ликовна уметност отсек Графика со конзервација и реставрација во класа на проф. Зоран Јакимовски дипломира 2000.
Член на ДЛУМ, ДЛУБ , ДЛУК И ИКОМОС работи како професор по ликовна уметност во Битола.


