Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Македонската филхармонија на „Охридско лето“ со „Песни од срцата“

$
0
0
Вовед: 

Последниот концерт на Македонската филхармонија за оваа сезона е „Песни од срцата“ кој ќе се одржи вечер (8 август) на Античкиот театар, во рамки на фестивалот „Охридско лето“ и во продолжение на свечената академија по повод 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски која ја организира МАНУ.

Содржина: 

Под палката на диригентот Борјан Цанев на концертот ќе настапат оперските пејачи Ана и Игор Дурловски. Како што информира Филхармонијата, „Песни од срцата“ е проект кој ги вклучува најубавите љубовни песни од народната македонска музичка традиција, за чии аранжмани е задолжен композиторот Сони Петровски.

Овој проект Македонската филхармонија го реализираше минатата година во Македонскиот народен театар.

Македонската филхармонија соопшти дека веќе е готова и програмата за новата концертна сезона 2016/2017 и ќе понуди концерти со разновидна содржина, настапи на врвни солисти и диригенти и премиерни дела.

Новата сезона свечено ќе биде отворена на 6 октомври, со настап на познатата виолинистка Мидори (Јапонија, САД), која ќе го изведе атрактивниот Концерт за виолина и оркестар од оскаровецот Ерих Корнголд. Под палката на Емил Табаков од Бугарија, ќе биде изведено и комплексното симфониско дело „Животот на херојот“ од Рихард Штраус, по кое овој концерт го носи насловот. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles