Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Единаесеттото издание на фестивалот АКТО во повеќе градови

$
0
0
Вовед: 

Единаесетото издание на фестивалот за современи уметности АКТО, започнува овој петок во Битола, а во текот на следните неколку месеци, фестивалот за првпат ќе се одржи и во Скопје, Штип и Тетово.

Содржина: 

Тридневната програма во Битола под мотото „Поп ап“, или искрснување, ќе биде концентрирана на политичката моќ на уметничките колективи,а таа тематика ќе се разработи преку дискусии, театарски претстави и музички настапи.

Сите музички настапи и пероформанси ќе бидат бесплатна, а на лоакциите каде што ќе се одржува фестивалот ќе има пунктови за донации, со цел да се соберат што повеќе средства за жртвите на поплавите во Скопје.

На пресот која се одржа во кафе барот „Јагода“ во Битола, организаторите Ивана Васева и Филип Јовановски истакнаа дека АКТО за прв пат по една деценија одлучува да се прошири и во други градови како извозен „Битолски продукт“. Таа идеја за „проширување“ се развила бидејќи нивната работа преку здружението ФРУ - факултет за работи што не се учат, во последно време е концентрирано на локалние заедници во повеќе градови и третирање на нивните проблеми.

- Оваа година главниот акцент на програмата е врз моќта на колективното делување, пред се политичката моќ на уметничките колективи. Покрај тоа што единаесеттото издание на АКТО овааа година започнува во Битола каде што сме навикнати да го следиме, потоа ќе се одржи и во Скопје, Штип и Тетово. Уште од почетоците на АКТО, една од главните карактеристики на фестивалот е откривање и освојуање на различни простори и работа со локални проблеми, па токму затоа одлучивме АКТО приказната да се прошири во другите градови - рече Филип Јовановски.

Ивана Васева подетално ја објасни програмата на фестивалот, коај е достапна во целост на http://akto-fru.com/Фестивалот ќе се одржува на повеќе локации во Битола, односно фабриката „Фрижидери“ во индустрискиот дел, кафе барот „Јагода“, како и Центарот за култура и Народниот театар во Битола.

-Околу локациите каде што ќе се одржува фестивалот фокусирани сме во фабриката „Фрижидери“ во индустриската зона во Битола, која ќе биде една своевидна независна зона, каде што ќе биде фокусирана музичката програма и дел од конференциите и изложбите. Ќе имаме и АКТО камион кој ќе кружи во Битола и ќе ја шири пораката на фестивалот. Оваа година имаме богата музичка програма, а музичарите кои ќе настапуваат во изминатит децении активно влијаеле на општеството преку музиката што ја создаваат. Ќе настапуваат Дисциплина Кичме, Фолтин, Џимпстер и многу други диџеи и и бендови од Битола и регионот - вели Јовановски.

На фестивалот ќе има и организиран бесплатен превоз кој цело време ќе циркулира од „Јагода“ до фабрика „Фрижидери“, а организаторите ги повикуваат сите да го искористат.

-Целата оваа програма немаше да се организира без поддршката УСАИД и ФООМ Македонија и целиот тим кој што работи со нас - заклучи Ивана Васева.

Воведна слика: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>