Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Зоран Пејковски награден за популаризација и афирмација на театарскиот израз

$
0
0
Вовед: 

Пејковски ја добива наградата за неговите писмени артикулации во електронските и пишаните медиуми со кои ѝ дава гласност на сценската уметност, поточно на театарскиот израз...

Содржина: 

Редакцијата на списанието за уметност „СУМ“ од Штип му ја додели годинашната награда „ЕРГО СУМ“ на драмскиот писател и драматург Зоран Пејковски, за популаризација и афирмација на театарскиот израз.

- Редакцијата на списанието „СУМ“, поаѓајќи од фактот дека во последните години сѐ помалку му се приоѓа на театарот од теоретски аспект, со наградата сака да ги поттикне познавачите на театарската уметност: драматурзите, театарските критичари и театролозите, да дадат свој придонес во афирмацијата и популаризацијата на театарскиот израз, т.е на сценската реалност, соопшти Редакцијата „СУМ“.

Пејковски е магистер по драматургија. Тој е и поет, прозаист, преведувач и публицист, а и драматург во Народниот театар од Охрид. Докторант е на Институтот за македонска литература на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Од 1995 година членува во Друштвото на писателите на Македонија и е претседател на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ од Битола.

Член е и на Македонското научно друштво од Битола. Главен и одговорен уредник е на регионалниот информативен неделник „Јавност“ и на списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“, кое го издава Битолскиот книжевен круг.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>