Училиштето за театар „Од игра до претстава“ до 1 септември врши упис на нови ученици кои ќе имаат можност да стекнат искуства и знаења за актерската игра, режијата, креативното пишување, пантомимата...
Училиштето за театар „Од игра до претстава“ е формирано во 2012 година и активно работи на новата реновирана „Мала сцена“ во рамките на Ју Конгресен центар „Александар Македонски“ (Универзална сала-Скопје).
Во моментов училиштето брои над сто ученици, кои посетуваат настава два пати седмично од по 90 минути, во соодветни групи на возрасти. Најниската годишна возраст за упис на нови членови е пет години. Активни предавачи во училиштето за театар „Од игра до претстава“ се: Игор Ивковиќ, театарски режисер, Ирена Илиевска-актерка и Дарко Вељиќ, актер и пантомимичар.
- Во рамките на наставата, учениците преиодично имаат и гости предавачи, а тоа се наши истакнати театарски работници. Изминатите сезони, како гости предавачи во наштео училиште беа: Сашко Коцев, Никола Ристановски, Снежана Коневска-Руси, Соња Стамоболџиоска, Игор Ангелов, Гораст Цветковски и многу други, вели Миодраг Костиќ, директор на училиштето за театар „Од игра до претстава“.
По пат на дидактички игри, методолошки конципирани за соодветни годишни возрасти, учениците стекнуваат знаења и вештини за актерската игра, сценските движења, правоговор, дикција, креативно пишување, режија, а сето тоа на крајот од учебната година резултира со завршни испити, односно претстави кои се изведуваат пред публика, додава Костиќ.
Заинтересираните кандидати кои може да извршат упис преку официјалната веб страница на училиштето: www.ucilistezateatar.weebly.comпоплнувајќи го онлајн формуларот за упис на ученици.

