Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Излезе електронската збирка поезија „Поплава“

$
0
0
Вовед: 

Целта на оваа е-збирка е обединување на поетите кои зборот го имаат како најсилна алатка за зближување, меѓусебната размена на мисли исполнети со сочувство, емоции силни како сонце по овој пороен дожд и љубов и разбирање...

Содржина: 

Оваа е-збирканепофторливо наречена „Поплава“ по самата природна стихија која зафати голем дел од Скопје, опфаќа 60-на автори – поети кои освен што се вклучија во сите хуманитарни акции решија да ја поддржат и оваа иницијатива и да споделат дел од нивните стихови кои се создале како резултат на неколкудневната меланхолија, тага и жал кои се наметнаа како аманет од тоа што се случи.

Социјално ангажираната поезија како современа алатка е од исклучителна важност за подигањето на свеста кај граѓаните за сите (не)природни несреќи кои ни се случуваат. Со споделувањето стихови докажуваме дека можеме да си помогнеме меѓусебно, на едно повисоко и попродлабочено духовно и ментално ниво, но и да се потсетиме на тоа колку е животот важен и непредвидлив.

Секојдневно сме сведоци на природни катастрофи кои погодуваат делови од светот. Секојдневно гледаме енормни листи на жртви од разноразни (не)природни сценарија кои нѐ окупираат, кои вродуваат страв во нас, несигурност, потреба да бидеме побслиску до најсаканите, да се обединиме и да си помогнеме.

Таква е и целта на оваа е-збирка „Поплава“. Обединување на поетите кои зборот го имаат како најсилна алатка за зближување, меѓусебната размена на мисли исполнети со сочувство, емоции силни како сонце по овој пороен дожд и љубов и разбирање.

Е-збирката поезија „Поплава“ е своевиден директен посматрач, антологиски одговор на пулсирањето на народот, документаристички приказ на (не)виденото и (не)слушнатото, поетска молитва за животите на настраданите, и во одредени граници утопистички вознес природата да не се однесува така кон човекот.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>