Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Претставата „Љубовникот“ изведена во Кичево

$
0
0
Вовед: 

„Љубовникот“ е камерна претстава фокусирана на играта на актерите и состојбата на ликовите кои ги толкуваат...

Содржина: 

Во рамки на манифестацијата „Топол културен бран 2016“, Албанскиот театар од Скопје вчеравечер, 22 август, пред кичевската публика ја изведе театарската претстава „Љубовникот"од Харолд Пинтер, во режија на Бесфорт Идризи.

Во претставата, напишана во 1962 година се претставува контрастот меѓу буржоаските семејни односи. Пинтер ја води публиката да верува дека постојат три ликови од драмата: жена, маж и љубовник. Но, се открива дека љубовникот, кој доаѓа во попладневниве часови е всушност самиот сопруг, кој глуми улога на љубовник.

Претставата се занимава со желбата за бегство од реалноста и неможноста тоа да се направи на друг начин, освен преку преправање и играње други ликови.

„Љубовникот“ е камерна претстава фокусирана на играта на актерите и состојбата на ликовите кои ги толкуваат. Во рамки на летното претставување, Албанскиот театар од Скопје претходно ја изведе претставата „Љубовникот“ во Скопје и во Струга.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>