Книгата ги претставува нумизматичките и историско-монетарните аспекти на охридскиот регион...
„Монетоковањето во Охрид од вториот век пред нашата ера и меѓу 13 и 15 век“ на авторката Даница Бачева е насловот на книгата што вечерва, 24 август, во Куќата на Уранија ќе биде промовирана во рамки на Научната и културна визита за месец август.
Предвидено е во рамки на промоцијата што ќе се одржи од 19 часот осврт на делото на Бачева да говори Вера Битракова Грозданова.
Книгата ги претставува нумизматичките и историско-монетарните аспекти на охридскиот регион.
Даница Бачева е родена во Битола, каде заврува средно образование завршува во Битола, додека дипломира на Филозофскиот факултет во Белград во 1973 година, отсек археологија. Во 1975 година се вработува во Завод и Музеј – Охрид на работното место кустос-археолог за нумизматика, а во 1999 година се здобива со звање советник – археолог.

