Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Бендот „The Membranes“ на 7 септември во МКЦ

$
0
0
Вовед: 

Култниот англиски пост панк-ноиз бенд „The Membranes“ во рамки на ексклузивната балканска турнеја на 7 септември ќе бидат специјални гости во МКЦ, во рамките на настанот по повод отворање на муралот на групата ЗЕРО...

Содржина: 

„The Membranes“ се оформени кон крајот на седумдесеттите години на минатиот век во Блекпул, а со својата музика и неверојатно енергичните настапи во живо го отворија патот за бендови како Big Black, Sonic Youth...

„The Membrane“s се првиот бенд што потпишал договор со славната издавачка куќа Creation records (My Bloody Valentine, Jesus and Mary Chain) Легендарниот радиоводител John Peel редовно пуштал песни од „The Membranes“ во своите емисии, а во 1984 нивна песна се наоѓа на 6-то место на неговата топ 50 листа.

По шест студиски албуми и повеќе стотици концерти бендот решава да земе пауза, која трае/ше „само“ 19 години. Нивната манијакална енергија на бината и нивната музичка имагинација влијае на целата андерграунд сцена во осумдесеттите, за што лидерот на бендот и пејач, а подоцна и новинар, John Robb пишува во своите книги (на пр. Death To Trad Rock).

Како локална поддршка на концертот на The Membranes ќе настапи најпознатиот скопски акустичен арт- терорист на денешницата, апокалиптичниот експериментатор, Волтер Мани Ал Хаким.

Специјални гости на настанот се СИЗ, бенд што ќе ги придружува „The Membranes“ на целата балканска турнеја со настапи во Софија, Белград, Нови Сад, Загреб и секако, Скопје. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>