Вовед:
Вечерва, 30 август, во 20.00 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ вo Прилеп ќе се одржи концерт на пијано на кој ќе настапат учениците од класата на проф. Христина Никоска од ОМУ „Ордан Михајлоски - Oцка“...
Содржина:
На пијано ќе настапат Лена Калеска, Стефанија Котеска, Катерина Николоска, Матеја Блажеска, Климент Тавчиоски, Елена Дамеска, Марија Котеска, Давид Аљакоски, Исидора Ангелеска, Емануел Петрески, Михаела Ристеска, Марија Котеска и Арсениј Ангелески.
На програмата се композиции од: П. И. Чајковски, В. А. Моцарт, Л. В. Бетовен, Т. Зографски, Ф. Бургмилер, Џ. Филд, А. Качатуријан и др.
Настанот е во рамките на манифестацијата Прилепското културно лето, што ја организира ЦК „Марко Цепенков“ која завршува со овој концерт.
Воведна слика:

Категорија:
Иде на слајдер ?:
Не
додади слика:
