Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Христијан Санев: Си дадов задача да го вратам сјајот на ДЛУМ

$
0
0
Вовед: 

Главното е тоа дека во ДЛУМ, кое годинава има 70 годишен јубилеј, има што да се направи. Си дадов за задача да му го вратам сјајот на ДЛУМ, да ги поправам малку работите, за сите ликовни уметници да се обединиме, да имаме каде тоа да го направиме и да имаме зошто – вели претседателот на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, Христијан Санев.

Содржина: 

Долго време се мислев дали воопшто да се кандидирам за претседател на ДЛУМ, бидејќи претходниот претседател даде оставка. Потекнувам од семејство кое секогаш се занимавало со организација, музеологија и уметност. ДЛУМ е институција постара и од државата, така ние уметниците се шегуваме, но таму навистина има што да се напрвави.....вели во интервјуто за cooltura.mk Христијан Санев, кој за претседател на ДЛУМ беше назначен во 2015 година.

Зимскиот салон, Годишната изложба, експерименталниот цртеж, ДЛУМ графика од годинава добива нов лик. Тоа се се проекти кои заслужуваат да ги види не само скопската, туку и македонската јавност, а со добра работа ипубликата надвор од Македонија – категоричен е Санев.

Според него најсилен прериод од македонската ликовна уметност се 60-те и 70-те на минатиот век. Пристапот кон уметноста тогаш бил поинаков. Но не можеме да плукаме по историјата и да го величиме моментот во кој живееме – вели тој. Од историјата може многу да црпиме, а со убава трансформација можеме да оставиме белег и во она што денес ние го живееме.

Сме имале и имаме добра ликовна сцена. Имаме други проблеми, како таа да се извади надвор од нашите граници, имаме проблеми и со маркетингот. Тоа беше и еден од мотивите поради кои се нафатив да бидам на чело на ДЛУМ – да ја изнесеме нашата уметност за да ја видат надвор.

Новинар: Александра Јуруковска

Камера: Филип Јорданов

Режија: Александар Ристевски

монтажа: Бла Бла

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles