Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Aктерите од Демир Капија со „Чорбаџи Теодос“ гостуваа во Крива Паланка

$
0
0
Вовед: 

Актерите од аматерски драмски театар при Дом на Култура „Мирка Гинова “ од Демир Капија, вчерваечер, 30 август, на плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка ја изведоа познатата македонска комедија „Чорбаџи теодос“ од Васил Иљоски...

Содржина: 

-Претставата премиерно беше прикажана лани за нова година. Ова е шесто прикажување низ градовите во Македонија, а настапивме и на неколку фестивали надвор од државата. На Меѓународниот аматерски театарски фестивал во Тополовград, Бугарија во конкуренција од 11 држави и 18 театри ја освоивме третата награда за колективна игра, изјави Димче Bањански режисер на претставата.

До крајот на годината претставата ќе биде прикажана во Ниш и Алексинац, Република Србија.

-Театарот постои од 1953 година. Покрај тоа што годишно ние подготвуваме по една до две премиери, имаме и детско драмско студиот кое исто така го надополнува со две претстави драмскиот репертоар на Домто на култура „Мирка Гинова“, додаде Бањански.

Истакна дека дваесетчлената театраска екипа постојано се менува, а во неа членуваат разни профили актери-аматери кои, како што рече, освојуваат бројни награди и признанија на фестивали во земјава и Балканските држави.

Претставата е дел од програмата „Топол културен бран“ во организација на локалната самоуправа на општина Крива Паланка и националната установа Центар за култура , Крива Паланка, со поддршка на Министерствоза култура на Република Македонија.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>