Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Нова претстава на штипскиот Народен театар

$
0
0
Вовед: 

Новата театарска претстава „На дното” од Максим Горки, а во режија на Дејан Пројковски премиерно ќе биде изведена во недела, 4 септември, во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип...

Содржина: 

Режисерот Пројковски на денешната прес-конференција преставата ја оцени како радикална, а воедно и експириментална. Во неа, рече, може да се види до каде може да оди актерскиот импулс.

- Станува збор за една престава која е еден вид на театарска лабараторија. Според мене на тема актерска игра во определен простор на определена тема. Се занимавам, а самата престава се занимава со суштината на професијата, бидејќи многу често зборуваме дека актерството не е професија, туку начин на живот, бара голема посветеност. Токму во преставата и тоа го покажува. Мислам дека публиката ќе има можност да гледа една престава која што до крајни граници се обидува да истражува до каде е последниот атом на актерската снага и посветеност, вели Пројковски.

Забележува дека преставата „На Дното“ говори за сите нас, за сите наши стравови, желби, потреби за летање, за вербата дека може да летаме, но и зошто не летаме.

- „На дното“ можам да кажам дека е една метафора за луѓето кои што ја губат вербата во себе од една страна, од друга страна за истите тие луѓе кои што не сакаат да застанат пред огледалото да го погледнат своето лице и всушност играјќи во овој сценски простор каде што нема никој и ништо нивниот свет, нивните соништа се градат од ништо, вели Пројковски.

На сцената ќе биде поставен базен долг речиси 14метри. Водата во него преставува метафора на калта и тињата во која се заглвени ликовите од претставата и секој нивни обид да излезат од таму е болен,тежок и речиси невозможен.

Пројковски вели дека ова е проект кој го работел на максимален ризик. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Миле Вратеовски на денешната прес-коференција забележа дека актерите од Народниот театар –Штип бараат и сакаат да работат со режисерот Пројковски, а по девет години повторно работа на сцена со него.

Во претставата играат дел од актерската екипа на штипскиот ансамбалстуденти од академијата за драмски уметности Езра,актерка од Народниот театар од Струмица и веќе пензионираниот актер Стојан Арев, доајен на штипскиот Народен театар.

Сценографијата, костимите и плакатата за преставата е на Валентин Светозарев, а музика на Горан Трајковски.

Пројковски како режисер се има потпишано на многу театарски претстави во Народен театар-Штип. Тој ги режираше преставите „Вонредна состојба“, „Дон Кихот“, „Црнила“, како и „Бегалка“ претстава која во 2008 година на фестивалот Војдан Чернодрински покрај Гран-при,доби уште шест статуетки.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>