Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Изложба на Државниот архив по повод 8 Септември

$
0
0
Вовед: 

Државниот архив на Република Македонија по повод Денот на независноста 8 Септември, денеска, 3 септември, на плоштадот „Македонија“ отвори изложба со наслов „25 години независна Република Македонија“...

Содржина: 

На 25 паноа се презентирани околу 500 документи и фотографии од најважните случувања и личности кои ги одбележале изминатите 25 години по Референдумот за независност во 1991.

Покрај изложбата, ДАРМ на плоштадот постави и штанд со архивски изданија наменети за продажба, меѓу кои се и документи од едицијата „Копија - верна на оригиналот“, заеднички проект на Архивот и Министерството за култура.

Средствата од продажбата ќе бидат донирани за помош на граѓаните од поплавените подрачја.На отворањето на изложбата присуствуваа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на ДАРМ Филип Петровски.

Покрај изложбата, која на плоштадот ќе биде поставена до 20 часот, ќе има и изненадувања за најмладите во вид на балони во црвена и жолта боја, а подготвено е и специјално издание од „Република“, првиот дневен весник во Македонија. Овој проект на Архивот ќе биде претставен и во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Велес и Куманово, каде што има архивски одделенија, како и во други општини низ државата.

Министерката изјави дека изложбата која ги претставува најзначајните општествени случувања во досегашното две иполдецениско постоење на македонската држава, е меѓу настаните од програмата за одбележување на годишнината која се организира под покровителство на Владата на Република Македонија.

 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles