Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Врачување на наградата „Даница Ручигај“ во ДПМ

$
0
0
Вовед: 

Во среда, 25 мај, во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија на поетесата Љерка Тот Наумова ќе и биде врачена наградата „Даница Ручигај“ што се доделува за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација...

Содржина: 

Наградата на Љерка Тот Наумова и е доделена за стихозбирката „Зародиш на повикување“, објавена во издание на „Бата прес“ од Скопје, со поговори на Михаил Ренџов и Марина Мијаковска.

Селектор за ова признание годинава беше критичарот и есеист Мишел Павловски. За време на свеченоста при врачувањето на наградата, во ДПМ премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Соновите не заспиваат“, посветен на македонската поетеса Даница Ручигај (1934 – 1963).

Автор на проектот е Катица Трајковска Абјаниќ, а режисер Мишо Рогановиќ. Во филмот „Соновите не заспиваат“, реализиран во продукција на Македонската радио-телевизија, за животот и поетското творештво на Даница Ручигај зборуваат десетина писатели, професори, книжевни критичари и современици на авторката кои лично ја познавале.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Latest Images

Trending Articles

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>