Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Научен симпозиум за бугарската драма и театар во Македонија

$
0
0
Вовед: 

Во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка се одржува прв научен симпозиум за бугарската драма и театар во Македонија...

Содржина: 

Симпозиумот е во рамки на научноистражувачкиот проект „Европскиот театар и драматургија во Република Македонија од осободувањето до денес“ на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија – Скопје.

Научно ќе бидат презентирани 30-тина национални драматургии, во театарската и издавачката дејност, кои оставиле длабока трага во нашата европска културна меморија. Секоја учебна година ќе бидат презентирани по две драматургии.

Годинава тоа ќе бидат бугарската и германската. Најавени се обраќања на двајцата министри за култура и присуство на амбасадорот на Бугарија во Македонија Иван Петков и на амбасадорот на Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев.

Институтот за сценски уметности при УАУ ЕФТА ќе објави обемна антологија на бугарската драма на македонски јазик. Овој научноистражувачки проект е предвиден со реципроцитет, и за возврат Факултетот за театар при Новобугарскиот универзитет кон крајот на следната година ќе организира симпозиум „Македонскиот театар и драматургија во Бугарија“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>