Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

„Каде ми е жената“ на фестивалот „Свети Јоаким Осогвоски“ во Крива Паланка

$
0
0
Вовед: 

На четвртата фестивалска вечер од меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осогвоски“ во Крива Паланка беше изведена претставата „Каде ми е жената“ на народниот театар „Бора Станковиќ“ од Врање, Република Србија...

Содржина: 

Комедијата е работена по текст на Луцијано Џакомаци, со адаптација и режија на Лилијана Ивановиќ, а глумеа актерите Бојан Јовановиќ, Марко Петричевиќ и Жетица Дејановиќ.

– Комедијата е адаптирана на врањски дијалект и нуди одлично темпо на текстот и претставата на сцена, а публиката одлично реагираше. Фасцинантно е што сме во град кој има театраски фестивал, а нема театар, па благодарение на истиот можат да уживаат во магијата на тетараските илузии десетина дена. Ова е наше второ гостување и го следам веќе четири години, по нашиот прв настап, растот на вашиот фестивал кој има вистинска театарска публика, изјави Радмила Коцевски, уметнички директор на тетарот „Бора Станковиќ“.

Претставата досега гостувала во повеќе градови од Македонија, како и во делови од регионот каде публиката го разбира врањскиот дијалект.

По гостувањето на театри од Балканот, актерите од Народен театар „Тузла“, Босна и Херцеговина со „Свршувачка“ и синоќешната претстава на гостите од Србија, програмата на 8-от Меѓународен тетарски фестивал продолжува вечерва со настапот на актерите од Национална установа „Трајко Прокопиев“, Театар Куманово, кои ќе ја изведат „Идиоти“ во режија на Мирослав Петковиќ.

Утре, 19 септември, со почеток во 12 часот во ЛУ Градски музеј, Крива Паланка ќе сe одржи промоција на новиот роман на Гоце Ристовски „Претстава“, а вечерта во 20 часот на сцената во Националната установа „Центар за култура “ настапува Продукција „Kако вам драго“ од Белград, Србија со претставата „запознај го татко ми“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>