Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Ѓоргоска Илиевска на регионален форум во Бугарија

$
0
0
Вовед: 

Директорката на Агенција за филм Мими Ѓоргоска Илиевска учествуваше на регионален форум во рамки на 34-от филмски фестивал „Златна роза“, што од 19 до 25 септември се одржа во Варна, Бугарија...

Содржина: 

Организатор на еднодневниот форум е Националниот филмски центар на Бугарија.

- Целта на средбата беше размена на филмски практики меѓу соседните држави и учесниците имаа можност да ги презенираат поволностите кои ги нудат за копродукции, како и да говорат за можностите за поддршка на регионалните копродукции од страна на филмските центри и фондови, кои се од исклучително значење за балканските кинематографии. Беше напоменато дека во последните 15 години, земјите во регионот меѓу кои Македонија, Грција, Србија, Турција, Романија и Хрватска се повеќе учествуваат во поддршка на регионални копродукции, соопшти Агенцијата за филм.

Освен Ѓоргоска Илиевска на форумот учествувале и Електра Венаки - директорка на Филмскиот центар во Грција, Камен Балкански – директор на бугарскиот филмски центар, Стефан Доброиу – филмски критичар од Романија, Дарко Башески - филмски експерт од Македонија, Гергана Даковска – експерт за копродукции и претставници од Националниот филмски центар.

На средбата се разгледале и можностите за стабилизирање на фондот SOUTH EAST EUROPEAN CINEMA NETWOR, кој веќе со години дава поддршка за развој на краткометражни и долгометражни проекти, за новите начини на привлекување средства и воведените механизми за поттикнување на вложувањето во филмската индустрија, како што се даночните олеснувања и филмските комисии, кои имаат потенцијал да привлечат странски продукции како и механизмите на дистрибуција.

Како што информира Агенцијата за филм, на средбата бил ставен акцент на формирањето балкански филмски фонд за копродукции. Директорката Ѓоргоска Илиевска истакнала дека веќе е потпишан меморандумот за инциијативата за формирање Балкански филмски фонд (BCC), што ќе овозможи поддршка за филмски проекти, независно од средствата што ги добиваат од националните филмски фондови и центри.

Во рамки на фестивалската програма „Отворени хоризонти“ биле прикажани долгометражниот филм „Лазар“, мнозинската копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Бугарија и Франција во режија на Светозар Ристовски и „Банат“, копродукција меѓу Италија, Романија, Бугарија и Македонија во режија на Адриано Валерио, во кој Македонија и Агенцијата за филм учествуваат со малцински финансиски удел.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>