Во четврток, 29 септември, од 19.00 часот, во Домот на култура „Кочо Рацин“ ќе биде изведен поетско музичкиот перформанс „Поетско-музичка вечер со Филип Димкоски и Џина Папас Џокси“.
Во рамките на настанот ќе биде промовирана втората поетска збирка од Филип Димкоски, насловена „Божилак на исконот“ која пролетва беше препеана и објавена на српски јазик и промовирана во Србија. За книгата ќе говори проф. д-р Васил Тоциновски.
Ова ќе биде десетто претсавување на книгата и за гостите ќе бидат достапни последните примероци од нејзиниот прв тираж. Покрај рецитациите на Филип, гостите ќе слушнат и поезија од македонски поети со музичка подлога во изведба на Џокси. Џокси ќе ги отпее песните Упија од Тодор Чаловски и Загубена падина од Ристо Јачев.
Како што велат Димкоски и Џокси, имаат за цел да ги будат емоциите и со музика и песна да ги топлат срцата на гостите без разлика каде настапуваат.

