Од 4 до 8 октомври во Тетово ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот филмски фестивал во организација на ТИФФ Ода од Тетово...
Традиционално фестивалот има три главни делови и тоа трибини и дискусии што ќе се одржуваат во претпладневните часови, главна натпреварувачка програма на кратки играни филмови во попладневните часови и вечерни проекции на четири долгометражни филмови. Сите овие активности се басплатни за посетителите.
Предвидено е и посета за учесниците на неколку објекти од сферата на културата и образованието во градот како уметничката галерија-Стар амам, Шарената џамија, комплексот Арабати баба Теќе и главната зграда на Државниот универзитет во Тетово.
- Во главната натпреварувачка програма добивме 855 кратки играни филмови така што комисијата во состав Томаж Петра од Чешката република, Маријан Зидар од Словенија и Африм Спахиу по ппотекло од Македонија а кој живее и работи на Косово имаше многу работа да одбере 36 филмови што доаѓаат од 25 земји и што може временски да бидат прикажани на фестивалот, изјави Селмани.
Во рамки на долгометражните вечерни проекции Сине премиере што ќе започнуваат во 20 часот, утре, вторник, ќе биде прикажан косовскиот кандидат за Оскар филнот Шок на режисерот Џејми Донагју, во среда терминот е резервиран за филмот Медени ноќи на македонскиот режисер Иво Трајков, следен на програмата е Кром од Албанија на режисерот Бујар Алимани и во петок ќе биде прикажан филмот филмот Татко што е копродукција на учесници од три земји Германија, Косово и Макдонија и што го режира Висар Морина.
Прогалсувањето на победниците и затворањето на фестивалот е предвидено за сабота на платото пред Центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово.
Петто издание на меѓународниот филмски фестивал ТИФФ Ода во Тетово е потпомогнато од Агенцијата за филма на Македонија, општина Тетово, Центарот за култура Иљо Антески Смок, ДУТ и други негови подржувачи.

