Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Деветто „Ѕвездено небо на Тоше“ на плоштад „Македонија“

$
0
0
Вовед: 

На 5 октомври од 20 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи деветтата манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ која ја организира фан-клубот на Тоше...

Содржина: 

Манифестацијата се одржува од 2008 година во чест и сеќавање на последниот концерт од македонската музичка легенда Тоше Проески (1981-2007) и оттогаш секоја година на овој датум на плоштадот во главниот град се пеат неговите песни.

На 5 октомври 2007 година Тоше го одржа последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во училиштата. На тој концерт Тоше го промовираше и последниот албум „Игри без граници“.

По 11 дена, утрото на 16 октомври 2007, Тоше загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска, на 26-годишна возраст.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>