Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Изложба „Кокино – мистичен шепот низ вечноста“ во Крива Паланка

$
0
0
Вовед: 

Во Уметничката галерија при Градскиот музеј - Крива Паланка денеска, 25 мај, ќе биде отворена изложба „Кокино – мистичен шепот низ вечноста“ на македонскиот фотограф Љупчо Илиевски...

Содржина: 

Изложбата ќе ја отворат директорот на Градскиот музеј, Драган Величковски и градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Љупчо Илиевски спаѓа во редот на најистакнатите македонски фотографи. Припадник е на средната генерација фотографи, кој негува специфичен, уметничкистил и силен авторски печат. Засега, е единствениот фотограф од Македонија чии фотографии за мегалитската опсерваторија Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија „National Geographic“. Во последниве седум години негов нов предизвик е историјата стара 4.000 години.

Приказната за Кокино, раскажана преку записот на Илиевски, неодамна резултираше со изложба, која предизвика подеднаков восхит и кај публиката и кај критиката. Илиевски е автор на 9 самостојни изложби, а како член на „Фото-клуб 25“ учествувал и на повеќе групни изложби. Присутен е на повеќе филмски фестивали, а за својата работа повеќе пати е наградуван. Неговиот потпис стои и под поштенските марки со тема – Теракотни икони и Кокино.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>