Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Документарецот за Вања Лазарова на филмски фестивал во Софија

$
0
0
Вовед: 

Документарниот филм „Вања, со маки сум се родила“ посветен на доајенот на македонската народна песна Вања Лазарова е дел од Меѓународниот филмски фестивал „Идоли“, кој од 9 до 19 мај се одржува во Софија во рамки на Деновите на наследството – Софија 2016...

Содржина: 

Филмот е надвор од официјалната програма на фестивалот, а е претставуван од Културно-инфомативниот центар на Република Македонија во Софија.

Документарецот за Вања Лазарова е снимен по сценарио и во режија на Синиша Ефтимов, а реализацијата е на продуцентската куќа „Медиа броадкастинг“ и Агенцијата за филм на Македонија. Премиерно беше прикажан минатата година во Кинотеката на Македонија.

Организаторот на „Идоли“ во програмата за фестивалот наведува дека филмот е посветен на легендарната Вања Лазарова, исполнителка на македонска народна музика.

– Во својата долга музичка кариера имала многубројни концерти низ светот. Таа е прва македонска пејачка која снимила записи за најголемите издавачки куќи Полиграм и Филипс, пишува во каталогот на Меѓународниот филмски фестивал „Идоли“ во Софија.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>