Сопранистката Благица Поп Томова и пијанистката Милица Шкариќ на 22 мај ќе одржат рецитал во Њујорк...
Двете уметници ќе се претстават со песни за сопран и пијано од П. И. Чајковски, С. Рахмањинов, македонските композитори Т. Зографски, Т. Прокопиев, Г. Гавриловски и арии од В. Белини, Џ. Пучини, А. Каталани и Ш. Гуно.
Благица Поп Томова дипломирала и магистрирала на ФМУ - Скопје. Првенка е во Македонската опера и балет и има настапувано во бројни, позитивно оценети главни улоги. Милица Шкариќ завршила студии по пијано во Париз и во Хамбург. Добитник е на голем број домашни и меѓународни награди.
Концертот е следен заеднички настап на двете уметници, по успешната минатогодишна турнеја низ Македонија.
Концертот е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија и е во соработка со Македонскиот културен центар во Њујорк и Grace notes concert series од Белфорт.

