Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Промоција на книга од Ване Трајков во Србија

$
0
0
Вовед: 

Здружението на македонци од моравичкиот округ „Даме Груев“ и Културниот центар на Горњи Милановац, Србија, денеска, 26 мај, со почеток во 19 часот организираат промоција на книгата на Ване Трајков „Македонскиот стрип во едицијата НИКАД РОБОМ“...

Содржина: 

Ване Трајков е извршен директор на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, а публикувањето на оваа книга е дел од програмата на Министерството за култура на Република Македонија.

Оваа книга ги опфаќа сите изданија од 1963 до крајот на легендарната едиција „НИКАД РОБОМ“ кадешто можат да се сретнат разни теми и сценарија од македонската историја. Истата има битно значење за развој на југословенскиот стрип, а уште поголемо за афирмацијата на стрипот во Македонија.

За оваа едиција цртале македонските стрип доајени Миле Топуз и покојниот Љупчо Филипов.

Книгата ќе ја промовираат Стојанка Кнежевиќ, Слободан Лукиќ, Драган Миловановиќ и авторот, Ване Трајков.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>