Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Семеен албум“ од Весна Мојсова-Чепишевска, добитник на наградата за литературна критика „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2015 година...
За наградената книга ќе зборува проф. д-р Владимир Мартиновски. Во рамките на промоцијата ќе бидат одбележани и 40 години од смртта на Димитар Митрев. За животот и делото на основоположникот на македонската книжевна критика ќе зборува Весна Мојсова – Чепишевска.
Настанот ќе се одржи денеска, 26 мај, во спомен – собата на Миладиновци во библиотеката, со почеток во 12.00 часот.
Весна Мојсова-Чепишевска е редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Член е на ДПМ и автор е на шест книги. Таа е приредувач на 7 антологии и автор на околу 240 објавени трудови во домашни и странски книжевни списанија.

