На 4 јуни (сабота) во 11: 00 часот во ГТЦ во Скопје ќе се одржи 6-от Меѓународен добротворен базар коj го организира „Добредојде Macedonia Welcome Center“. Базарот се организира по повод 1-ви Јуни Меѓународниот ден за заштита на правата на децата.
„Ова е важен ден, а кај нас ретко кој го одбележува. Токму затоа DMWC одлучи да ги собере сите свои пријатели на едно место - во добротворна мисија. Така граѓанскиот сектор, дипломатскиот кор и бизнис заедницата им помогаат на децата од најранливите категории. Секоја година средствата од Меѓународниот добротворен базар одат за помош на организации, центри, установи и институции кои работат со деца од маргинализираните групи. Оваа година нашата поддршка и помош ќе одат за Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари. Базарот можеби е наша најпрепознатлива активност, преку која испраќаме порака во име на оние кои не се доволно гласни - вели за cooltura.mk Емилијја Миладинова Аврамчева , претседател на „Добредојде Macedonia Welcome Center“.
Со свои штандови на кои ќе продаваат автентични производи од своите земји ќе учествуваат 20 амбасади, дипломатски претставништва и маеѓународни оарганизации. Во музичкиот дел ќе настаат учениците од меѓународниоте училишта во Македонија, а ќе се одржи и традиционалната лотарија. Настанот ќе го отворат градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и британскиот амбасадор Чарлс Гарет које е годинашен почесен претседател на DMWC Добротворниот базар.

