Со настапот на студентите од втора година на факултетот за Драмски уметности од Скопје и со соопштувањето на наградените, во Кочани заврши 52-то издание на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ)кој се одржа по 40 пат во овој град...
Жирито во состав Здравко Митков, Јанка Лефкова и Благој Веселинов, Гран при наградата „Васил К.Кортошев“ на годинешниот ДАФ им ја додели на Младинската сцена од Врање за претставата „Водач“ на текст од Радоје Домановиќ во режија на Бојан Јовановиќ.
Наградата за режија му припадна на Зоран Ракочевиќ за претставата„Авионспотинг“ во изведба на Кочашинскиот аматерски театар од Колашин, Црна Гора.
Наградата за машка улога ја доби Александар Арсов за улогата на Ломов во претставата „Просидба“ од Чехов во изведба на кочанскиот аматерски театар, додека наградата за најдобра женска улога и беше доделена на Марија Горгиева за улогата на Наталија во претставата „Просидба“ во изведба на кочанскиот аматерски театар.
Наградата за уметнички иновации и истражувања на годинешниот ДАФ ја доби претставата „Авионспотинг“ во изведба на Колашинскиот аматерски театар од Колашин, Црна Гора.

